Усеин Болт запиша пораз во првиот фудбалски натпревар

Фудбалскиот сон на Усаин Болт конечно се оствари. Легендата на светската атлетика и светски рекордер на 100 и 200 метри ја започнаа својата фудбалска кариера пред само неколку стотина гледачи.
Во неговиот прв фудбалски натпревар, Јамајчанецот играше за норвешкиот прволигаш „Стромсгодсет“, кој се спротистави на националниот тим до 19 години.

Болт влезе во игра во 71 минута, носејќи го бројо „9,58“ на грб, времето на неговиот светски рекорд на 100 метри. За жал, и покрај неговата голема желба, „Стромсгодсет“ не можеше да избегне пораз од младите надежи на Норвешка кои победија со 1:0.

Во извештајот од натпреварот се вели дека се Јамајчанецот очекувано многу трчал и се трудел да се пробие во офанзивниот дел од теренот, па дури и се нашол во добра ситуација за гол, но не го искористил обидот со глава од близина.
Болт им се приклучи на Норвежаните кон крајот на мај, а претходно тренираше со „Борусија Дортмунд“ и „Мамелоди Сандаунс“ од Јужноафриканската Република.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.