Усеини поднесе оставка: БЕСА веќе не постои, станавме портпарол на ДУИ и филијала на СДСМ

116

Претседателот на Младинскиот форум на движењето БЕСА, Лиридон Усеини, во четвртокот поднесе оставка на . Тој информира дека се откажал од сите функции што ги извршувал во движењето Беса.

„Јас Лиридон Усеини, поднесувам неотповиклива оставка од сите функции во движењето БЕСА, од позицијата лидер на Младински форум на движењето БЕСА, од позицијата член на Централното претседателство и повеќе нема да бидам член ниту на едно тело или комисија во партијата“, напиша тој.

Објаснувајќи ги причините за својата одлука, Усеини нагласува дека движењето БЕСА е трансформирано во структура која работи само само за задоволување на семејните и на клановските потреби.

„На многумина можеби им е изгледа нелогично откажувањето ако се има предвид дека БЕСА е владејачка партија, но јас бев исправен пред дилемата: да сочувам достоинството или да прифатам неправда и да ги затворам очите. Партијата која беше создадена за да направи промена на дотогашните политики на ДУИ стана нејзин портпарол и филијала на СДСМ. Движење БЕСА практично веќе не постои. Таа е компанија која ги молзи оние кои останале таму и нејзиниот политички живот ќе трае до следните избори“, вели тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.