Уште 12 лица починаа од Ковид-19, 46 се новозаразени

Во изминатите 24 часа регистрирани се само 46 заразени со Ковид-10, но направен се и мал број на тестирања, односно 378. Според податоците на Министерството за здравство, пак, 12 заразени ја изгубиле битката со вирусот.

-Починати се 12 лица, пет пациенти од Скопје (53, 71, 72, 74 и 69г.), еден од Прилеп (72г.), еден од Тетово (53г.), еден од Кавадарци (52г.), два пациенти од Гостивар (70 и 65г.), еден пациент од Струмица (72г.) и еден пациент од Делчево (78г.). Пациентите се починати во болнички услови, велат од министерството.

Вкупниот број на починати се искачи на 2.522.

Од вкупниот број тестови, околу 60% биле направени во приватни клиники и лаборатории. Или, според тоа каде се направени тестовите:

  • Институт за јавно здравје – 106;
  • Жан Митрев – 75;
  • Систина (ПЦР метода) – 155;
  • Инфективна клиника – 2;
  • Јавни здравствени установи (брз тест) – 40.

Во другите лаборатории воопшто не се направени тестови за ковид-19 во изминатото деноноќие.

Новите позитивни случаи, во најголем дел се во Скопје (22). Потоа следат Струга и Кавадарци.

  • Скопје – 22;
  • Струга – 7;
  • Кавадарци – 4;
  • Гостивар – 3;
  • Охрид – 3;
  • Куманово – 2;
  • Тетово – 1;
  • Прилеп – 1;
  • Македонски Брод – 1;
  • Ресен – 1;
  • Неготино – 1.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 526 оздравени пациенти и тоа од:

  • Скопје-295;
  • Куманово-13;
  • Штип-7;
  • Прилеп-39;
  • Тетово-12;
  • Струга-3;
  • Велес-4;
  • Битола-9;
  • Охрид-33;
  • Кавадарци-41;
  • Гостивар-9;
  • Гевгелија-4;
  • Струмица-16;
  • Крива Паланка-3;
  • Кочани-2;
  • Пробиштип-2;
  • Македонски Брод-2;
  • Валандово-6;
  • Кратово-1;
  • Свети Николе-2;
  • Кичево-4;
  • Ресен-2;
  • Неготино-17.