Уште 13 починати и 129 нови коранаинфекции последните 24 часа

Во последното деноноќие во Македонија со 854 тестирања на промероци потврдени се 129 нови случаи на зараза со коронавирусот, а во истиот период 13 смртни исходи се припишуваат на последици од компликациите кои ги предизвикува болеста Covid-19, соопшти во понеделникот попланденот Министерството за здравство.

Со последните показатели, од почетокот на епидемијата во земјата кон крајот на февруари минатата година, вкупно се потврдени 99.408 случаи на заразата, од кои со летален исход завршиле 3.076 случаи. Бројката на оздравени пациенти е 89.742,  а бројот на активни случаи изнесува 6.590.

Сите пријавени смртни случаи во последното деноноќе се потврдени во болнички услови. Најмладиот починат е во Скопје, на 54 години, а највозесниот е од Кавадарци на 87-годишна возраст.

Во Скопје починати се вкупно пет пациенти. на 76, 70, 61, 58 и 54 ггодини, двајца починати пациенти се од Кавадарци  ма 87 и на 78 години, а смртта настапила и кај по еден пациент од Тетово  (73г), Куманово (79г), Охрид (66г), Гевгелија (73г), Прилеп  (80г) и Неготино (61г).

Регистрираните 129 нови случаи се распоредени во Скопје – 76, Кавадарци –  19, Неготино – 9, Прилеп – 6, Велес, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Тетово – по 2 , Битола – 9, Гостивар, Штип, Кичево, Виница , Македонски Брод  и Демир Капија – по 1.

Во последните 24 часа тегистрирани се 342 оздравени пациенти, и ота од: Скопје – 101 , Кавадарци – 49, Делчево – 45, Охрид и Струга – по 22,  Велес – 18, Прилеп – 14, Неготино – 11, Тетово – 7, Куманово – 6, Гостивар, Демир Капија, Свети Николе  и Берово – по 5, Штип – 4, Гевгелија , Радовиш и Валандово – по 3, Битола, Струмица, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Богданци – по 2, Кочани и Кратово – по 1.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

 

Дистрибуција по градови, Заболени (нови), Активни случаи (вкупно)

Скопје 76, активни 2938

Куманово 2, активни 208

Тетово 2, активни 228

Прилеп 6, активни 473

Гостивар 1, активни 118

Штип 1, активни 95

Битола, активни 138

Велес, 3, активни 212

Охрид, 3, активни 382

Кавадарци 19, активни 454

Струмица, активни 156

Струга, 3, активни 157

Кочани, активни 47

Кичево 1, активни 62

Гевгелија, активни 130

Неготино 9, активни 129

Свети Николе, активни 19

Ресен, активни 68

Дебар, активни 43

Крива Паланка, активни 51

Радовиш, активни 37

Делчево, активни 188

Берово, активни 27

Пробиштип, активни 21

Виница 1, активни 23

Валандово, активни 20

Кратово, активни 32

Демир Хисар, активни 12

Крушево, активни48

Македонски Брод 1, активни 8

Богданци, активни 20

Демир Капија 1, активни 29

Македонска Каменица, активни 5

Пехчево, активни 3

Дојран, активни 9