Уште 14 полициски началници сменети во Турција

Уште 14 началници на турски полициски оддели се отстранети од функциите во рамки на операцијата за истрага за корупција, со која се опфатени и синовите на тројца министри во Владата на Турција.

Турските валсти изминатите два дена веќе отстранија голем број полициски началници од раководните функции, меѓу кои и шефот на истанбулската полиција, Хусеин Чапкан.

Ваквата антикорупциската истрага, која во Турција се спроведува неколку месеци пред локалните избори што треба да се одржат во март, како и претседателските избори кои се закажани за август, премиерот Реџеп Тајип Ердоган ја оцени како „валкана операција“, која има за цел да ја поткопа неговата власт.

Четиринаесет раководители на оддели на Дирекцијата на полицијата во Анкара се отстранети од должност.