Уште 15 жртви на ковид-19, 454 новозаразени

Во последните 24 часа направени се 3.019 тестирање, а регистрирани се 454 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје има 187 новозаболени, во Битола 37, Прилеп 32, Куманово 30, Штип 29, Кавадарци 25, Велес и Тетово по 17, Охрид 12, Кочани и Пробиштип по 9, Крива Паланка и Ресен по 7, Неготино 5, Свети Николе 4, Богданци, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Струга и Струмица по 3,  по двајца во Берово и во Кичево и по еден нов случај во Виница, Гостивар, Дојран, Македонски Брод и во Пехчево.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 14 починати лица: 6 починати лица од Скопје (52г, 53г, 66г, 77г , 80г и 87г), 2 починати лица од Велес (57г и 85г),  и по едно починато лице од Кочани (62г), Битола (71г), Куманово (73г), Струмица (73г), Кратово (77г), и Кавадарци (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лица со датум на смрт од 31.10.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје, на возраст од 76 години, во болнички услови.

Регистрирани сe 236 оздравени пациенти.

Направени се 3.019 тест преку: ИЈЗ-190, ЦЈЗ Скопје-58, ЦЈЗ Битола-89, ЦЈЗ Прилеп-48,
ЦЈЗ Тетово–62, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–296, Жан Митрев (Филип Втори)-59, Авицена-114, Биотек-133, Систина-54, лабораторија Лаор-140, Синлаб-6, Ремедика-0, Плодност–61, Генеа-6, Никоб лаб-205, ВФВ Медикал-30, Ели Медика-29, Ројал Медика –23, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.355.

Досега во земјата се направени вкупно 1.407.769 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 206.077, бројот на оздравени пациенти е 190.806, на починати е 7.232, а бројот на активни случаи изнесува 8.039.