17.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Уште 160 Британци починале за 24 часа oд Ковид-19

Бројот на починати од коронавирус во Велика Британија во изминатие 24 часа порасна за 160 на вкупно 34.796 лица.

Тоа е нешто помалку во однос на вчера кога бројот на починати изнесуваше 170, пренесе „Ројтерс“.

Со 34.796 починати од коронавирус, Британија се наоѓа на второто место меѓу најтешко погодените земји после САД.

Бројот на новозаразени во изминатите 24 часа пораснал за 2.684 на вкупно 246,406 лица , соопшти Министерството за здравсто на таа земја.

Со 246.406 заразени од коронавирусот, Британија се наоѓа на четвртото место во светот, после САД, Русија и Шпанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.