Уште 2.800 новозаразени со коронавирусот во Германија, пакет од 50 милијарди евра за стопанството

Во Германија во четвртокот се регистрирани вкупно 11.000 заразени со коронавирусот, што е за 2.800 случаи повеќе отколку во средата, објави референтниот Институт „Роберт Кох“, кој наведува и дека во земјата досега се регистрирани 20 смртни случаи од коронавируот.

Директорот на Институтот, истакна дека за едно деноноќие се потврдени нови 2.800 случаи, а врз овие информации германската влада ги носи мерките во справувањето со пандемијата со коронавируот.

Во меѓувреме, премиерот на сојузната покраина Баварија, Маркус Зедер, не ја исклучи можноста од целосна блокада на јавниот живот во покраината.

„Ова претставува голем тест за сите нас, Доколку не се придржуваме до моменталните мерки, ќе мораме да размислиме за нивно заострување“, рече Зедер.

Во Германија, за разлика од другите земји во соседството, како Франција или Белгија, на сила е целосна збрана за излегување од домовите. Од средата се затворени сите продавници кои не служат за основно снабдување на граѓаните.

Од средата на сила е и забраната за влез на грашните од земјите од Европската унија. Странците смеат да слетаат на некој од германските аеродроми, само доколку го продолжуваат патувањето кон крајната дестинација во странство.

Во меѓувреме во четвртокот, сојузната влада во Берлин донесе пакет мерки за помош на малите претприемачи во вредност од 50 милиони евра.

„Малите претприемачи и фриленсерите се особено погодени од оваа криза и затоа сакаме што поскоро да им помогнеме“, изјави по средбата на ткн Корона кабинеот на сојузната влада, минситерот за економија, Петер Алтмаер, за јавниот сервис Deutschlandfunk.

Владата предвидела еден дел од средствата да го издвои за директна помош, а еден дел за кредити за малите претприемачи да можат да го издржат периодот до нормализација на ситуацијата.

Помошта не е наменета само за службениците и вработените во секторот култура, како фотографи, уметници или музичари, туку и за самостојните претприемачи од други сектори, како негуватели или преведувачи.

Електронското издание Spiegel Online извести дека со воведените на оваа мерка, владата дефинитивно „се прости“ од предвидениот неутрален буџет за оваа година, без дефицит или суфицит, како и дека по неколку години ќе бидат потребни нови задолжувања.