Уште 25 луѓе подлегнаа на Covid-19, меѓу нив и 36-годишник, 62 нови коронаинфекции

Во последните 24 часа со направените 572 тестирања регистрирани се 62 нови случаи на зараза со коронавирусот, а во истиот период потврдени се уште 25 смртни исходи како последица на компликациите предизвикани од Covid-19, соопшти во понеделникот Министерството за здравство.

Од регистрирањето на првиот случај на зараза со коронавирусот во Македонија во февруари 2020 година, досега се потврдени 152.747 случаи на заразата, оздравеле 133.871 пациенти, а починат е 4.961, Бројот на активни случаи изнесува 13.915.

Еден пациент е починат во домашни услови, а другите 24 се починати во болнички услови. Најмладата жртва на Covid-19 во земјата во изминатото деноноќие е на 36-годишна возраст, додека највозрасните се на 86 години. Нема информации за постоење други коморбидитети кај починатите.

Од пријавенте 25 починати лица, десет од Скопје ( 69г, 71г, 71г, 71г, 72г, 73г, 76г, 83г, 86г и 86г), по две починати лица од Тетово (36г и 74г), Кавадарци (71г и 84г) и Струмица (56г и 69г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Прилеп (79г), Битола (72г), Велес (78г), Штип (71г), Охрид (81г), Кочани (85г), Пробиштип (63г) и Демир Хисар (70г).

Половината од новозаразените, односно 32 инфекции е регистрирани во Скопје, Прилеп и Штип – по 7, Куманово – 5, Струмица – 4, Кавадарци – 3, Велес, Кочани, Кичево и Виница – по 1.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 67489, активни 6373
Куманово 8564, активни 990
Прилеп 8187, активни 626
Тетово 7122, активни 531
Битола 6166, активни 867
Велес 5411, активни 474
Гостивар 5120, активни 330
Кавадарци 5118, активни 365
Штип 4900, активни 331
Охрид 4917, активни 455
Струмица 4021, активни 470
Струга 2943, активни 155
Кочани 2728, активни 183
Кичево 2476, активни 249
Гевгелија 2177, активни 214
Неготино 2159, активни 184
Свети Николе 1493, активни 108
Крива Паланка 1208, активни 60
Ресен 1211, активни 189
Радовиш 1090, активни 94
Берово 1016, активни 35
Делчево 952, активни 84
Дебар 931, активни 32
Виница 825, активни 129
Пробиштип 774, активни 27
Валандово 660, активни 53
Богданци 491, активни 57
Крушево 481, активни 98
Демир Капија 394, активни 24
Демир Хисар 388, активни 66
Кратово 353, активни 6
Македонски Брод 355, активни 18
Пехчево 262, активни 16
Македонска Каменица 233, активни 16
Дојран 132, активни 6