Уште 450 милиони долари воена помош од САД за Украина

Соединетите држави ќе ѝ испратат на Украина оружје во вредност од дополнителни 450 милиони долар воена помош, што вклучува и уште ракетни системи со долг дострел кои ги бара Киев надевајќи се на пресврт на ситуацијата на боиштето, но може да ја внесе војната во голема ескалација и во интензитетот и по површината на која ќе се прошири.

Проруските сепаратистички сили помогнати од руските единици напредуваат на истокот на Украина и речиси целосно го контролираат административното подрачје до превратот во Киев во 2014 година на доминантно рускиот и проруски индустриски регион Донбас.

Украинските функционери објавија претходно во четвртокот изјавија дека украинските сили веројатно ќе мора да се повлечат од последното упориште во Лисичанск во регионот Луганск за да не бидат опколени. Сепаратистите, пак, објавија дека украинските сили таму се опколени и оти војниците масовно се предаваат.

Еден од двата американски функционери кои зборувале за агенцијата Reuters под услов на анонимност, рекол дека објавата за новата помош за Киев ќе дојде подоцна во четвртокот по американско време, а се очекува дека овој нов пакет ќе вклучува и дополнителни четири артилериските ракетни системи со висока подвижност M142 односно HIMARS, со дострел до 80 километри. Додал дека поединостите околу содржината на помошта можат да бидат промените во последен момент.

Украина претходно во четвртокот објави дека ја примила првата пратка HIMARS, за којашто Киев смета дека би можел да го пресвртот соодносот на силите во борбите. Но американските функционери наведуваат дека иако ова вооружување е важно за украинските сили, ниту еден систем самиот не може да го промените текот на војната.

Најновиот пакет воена помош доаѓа откако администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден минатата седмица ја најави првата достава на воена помош од милијарда долари за Украина, а којашто вклучува противбродски ракетни системи, артилериски ракети, хаубици и муниција.

Украина тврди дека системот HIMARS ѝ е потребен за да одговори на дострелот на руските ракетни системи, за кои велат дека се користат за напади врз украинските позиции на линијата на фронтот на границата до Донбас.

Вашингтон по долго колебање се согласи на барањето на Киев да испорача оружје со долг дострел, и тврди дека го добил украинското ветување дека таквото оружје нема да го користи за напади врз цели на руската територија.

Русија отворено рече дека целта на офанзивата која е во тек е да се отфрлат позициите на украинските сили подалеку од дострелот од кој може да ги гаѓаат градовите во Донбас. Но Москва отворено предупреди дека доколку Западот на Киев му испорача оружја со дострел со кој може да бидат погодени цели на нејзината територија ќе биде употребено оружје коешто досега не е користено во досегашниот тек на војната и врз цели коишто досега биле поштедени од борбени дејствија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.