Уште четири дена можност за пријавување на трката HalkEco Скопје Трча 10КМ.

Сојузот на спортови на Град Скопје, заедно со Атлетскиот Клуб „Работнички“ од Скопје и насловениот спонзор HalkBank , ги повикуваат сите љубители на спортот и трчањето кои сѐ уште не се пријавиле, да го направат тоа најдоцна до петок, 4 ти јуни 2021 година.

Долгоочекуваната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ, по една година пауза, ќе се одржи на 13 јуни 2021 година. Стартот и целта на трката се планирани да бидат на булевар Илинден, во близина на фонтана Лотoс, со што ќе се трча по булевар Илинденаска и дел од булеварот Партизански oдреди.

Трката ќе биде комплетно организирана според безбедносни протоколи и препораки
утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и
организаторите, а тркачите ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови, според таргет времето кое го имаат избрано. Во секој стартен бокс ќе мора да има растојание помеѓу тркачите од 1,5 метар, а носењето на заштитна маска ќе биде задолжително цело време, освен за време на трката.

За подетални информации поврзани со трката и пријавувањето, посетете ја веб страницата на HalkEco Скопје Трча 10КМ https://www.skopje.run/.