Уште двајца репрезентативци се повлекоа од националниот тим

Капитенот на фудбалска репрезентација Горан Пандев попладнево го одигра последниот натпревар за македонската репрезентација. Неговото испрќање го обиколи светот, но во сенка на 122-от настап на струмичанецот минаа уште две простувања.

Станува збор за Крсте Велкоски и Иван Тричковски, кои се меѓу највозрасните во оваа селекција, предводена од капитенот.

Последен пат на клупата на нашата репрезентација седеше и Игор Ангеловски, кој заминува на 31 јули на крајот од својот договор на шест месеци, кој беше продолжен во јанури годинава