Уште двајца вработени позитивни на Ковид-19 во Белата куќа

оберт Редфилд, директорот на Центарот за контрола и спречување на болести (CDC), и Ентони Фаучи, директорот на Националниот институт за алергија и заразни болести, кои се дел од работната група основана за координација на борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, во рамките на Белата куќа, се во карантин, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во Белата куќа, откако вирусот се појави кај некои советници и вработени, лицата кои имале неодамнешни контакти се повлекуваат во карантин.

По претседателот на Управата за храна и лекови на САД (FDA), Стивен Хан, и директорот на Центарот за контрола и спречување на болести (CDC), Роберт Редфилд, соопшти дека ќе се повлече во 2-неделен карантин.

Во изјавата од Центарот во врска со темата се наведува дека Редфилд не покажал никакви знаци на болест, но како превентивна мерка во наредните 14 дена ќе работи од дома.

Исто така, и Фаучи, едно од искусните имиња во работната група, реши 2 недели да работи од дома.

Фаучи соопшти дека ризикот од вирусот е мал и дека тестот што вчера го направил бил негативен.

Хан и Редфилд соопштија дека на сесијата за коронавирусот што ќе се одржи идната недела ќе се приклучат од далечина.

Кај Кејти Милер, портпаролката на потпретседателот Мајк Пенс, вчерашните тестови покажаа дека е позитивна на Ковид-19, а претходно во четвртокот кај еден од асистентите на Трамп беше откриен коронавирусот.

Исто така вчера беше откриен вирусот кај асистентката на Иванка Трамп, ќерката на претседателот Трамп, и кај 11 вработени во Тајната служба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.