Уште два потврдени случаи на коронаворус во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос

Позитивни на новиот коронаворус се уште двајца мигранти во бегалскиот камп Мориа на Лезбос, кои биле сместени во близина на шаторот на 40-годишниот бегалец од Сомалија кој беше првиот потврден случај, објавија во саботата грчките здравствени власти.

Прифатниот центар од средата е во карантин, а Националната организација за јавно здравје на Грција започна тестирање на мигрантите и бегалците за коронавирусот, а целта е да се направат 2.000 тестови.

Според медиумите од островот, двајцата потврдени случаи се од првите 500 тестови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.