Уште еден Албанец од Косово загина во Сирија

Четириесетгодишниот Албанец Ф.С. од Приштина, загинал вчера на фронтот во Сирија, пренесува „Газета експрес“. Ова е трет Албанец од Косово, убиен во Сирија во последните три дена.

Ф.С. живеел на улицата Расим Кикина во Приштина, а неговото семејство било известено за неговата смрт од друг Албанец што се наоѓа во Србија.

Тој бил сопственик на куќа во Приштина, што неодамна се обидел да ја претвори во џамија, но властите го спречиле во тоа. Потоа Ф.Ц. заедно со сопругата заминал во Сирија за да војува.

Медиумите од Косово и Метохија наведуваат дека во судирите на терористичките фракции во Сирија загинале 34 борци од единицата што ја сочинуваад доброволците од Балканот.