Уште еден близок соработник на Путин поднесе оставка

Блискиот соработник на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Кудрин денеска поднесе оставка.

Тој беше директор на рускито Одбор за ревизија, а претходно беше министер за финансии, како и заменик премиер. Според западните медиуми Кудрин „во текот на целата кариера беше близок сојузник“ на Путин. Исто така, најавуваат дека е „највисоко рангиран функционер, кој поднел оставка по инвазијата врз Украина“.

Членовите на Советот на Федерацијата во вторникот гласаа за предвремено ослободување на Алексеј Кудрин од функцијата шеф на Сметководствената комора на Руската Федерација.

Претходно викендот извори на агенцијата РИА Новости известија дека Кудрин ќе замине на една од водечките функции во технолошката компанија „Yandex“. Кудрин во својот проштален говор им се заблагодари на сенаторите и пратениците за нивната плодна заедничка работа за подобрување на јавната администрација.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.