Уште еден француски платеник загинал во Украина

Уште еден француски платеник загинал во борбите во Украина, пренесе во вторникот, радиото RTL,

„Вториот француски борец загина во Украина. Адријан Д., млад човек на 20 години, починал од раните здобиени на 25-ти јуни“, се наведува во прилогот на радиото.

Според информациите на RTL, кој не ги открива своите извори, младиот маж уште во март се приклучил на ткн Меѓународната легија која е формирана како дел од украинските вооружени сили.

Адријан бил ранет во близина на Харков на почетокот од јуни, во истото руско гранатирање во кое загинал уште еден француски платеник.

На почетокот од јуни весникот Libération и радиото Europe 1 објавија дека во Украина загинал првиот француски платеник. Тој беше идентификуван како 32-годишниот француски легионер Вилфрид Блерио, кој многу веројатно бил поврзан со француските екстремно десничарски групации, повикувајќи се на објавите на социјалните мрежи.

Според непотврдени информации во француските медиуми, во моментов во Украина се борат околу 50 француски државјани.

Според рускиот Истражен комитет, на територијата на Украина се формирани најмалку 16 различни вооружени формации кои се бараат на страната на украинската армија, во чиј состав се платеници од околу 50 земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.