Уште еден исказ од „Рекет“ во јавноста: Боки 13 бил во Владата кога му кажале дека е пријавен, а знаеле и Американците и Бугарите

Уште еден исказ од случајот „Рекет“ допре до јавноста во кој Зоран Милевски – Кичеец открива интресни детали, а кои ги пренесува порталот Инфомакс.мк.

Интересено е што преку овој исказ се посочува дека од кај премиерот има крт кој што ги кажува сите активности или дека тоа е самиот премиер. Од друга, страна тоа имплицира и други работи кои треба да ги расчистат надлежните судски органи. Потоа се спомнуваат спреги на адвокати, судии и обвинители и бизнисмени, а уште поинтерсно е што се посочува замешаност на странски служби/ граѓани во документирањето на целиот случај.

Станува збор за исказот даден на 19.08.2019-та година под архивски број КОбр. 84/19 од Зоран Милевски кој се претставил себе си како советник на директорот на Орка Холдинг.

„Јас бев вработен во Орка Холдинг на работно место советник на директорот. Покрај тоа што бев вработен во Орка јас со Јордан Камчев бев близок пријател, односно тој ми беше како брат“, вели Милевски во првиот пасус од исказот пред обвинителството.

По комуникацијата на Јордан-Орце Камечев и Бојан Јовановски од страна бизнисменот имало подготвеност да плати огромна сума за рекламирање во телевизијата 1 ТВ и дека и покрај парите дадени за реклама, сепак, случајот „Империја“ бил отворен.

„На почетокот на месец ноември 2018-та година јас и Јордан заминавме службено за Атина. Додека бевме таму на порталите и тоа сега не можам да кажам точно дали на Либертас или на Фокус видовме како во Јавното обвинителство е отворен предмет за наводно вршени фиктивни операции во Систина“, вели Кичевскиот некаде на почетокот на втората страница од исказот даден пред обвинителството.

Откако започнала истрагата за случајот „Империја“ и дознале дека предметот го води Лиле Стефанова имало активности, но Камчев е приведен кој му му шепнал на Милевски да го бара адвокатот Васко Димишков.

„Вечерта кога дојде полиција Јордан ми кажа да му се јавам на адвокатот Васко Димишков и ми кажа Васко две недели претходно побарал да се види со него. Јас го барав Васко, но не успеав да го добијам на телефон, а исто така го бараше и Ана Камчева. Јордан го однесоа во суд каде што му беше определена мерка притвор“, вели Кическиот некаде при крајот на втората страница од исказот даден пред Јавното обвинителство.

Инаку Васко Димишков е брат на судијката Весна Димишкова надлежен судија во претходна постапка во случајот „Империја“. Димишков е спомнат во исказот на Ана Камчева како човек кој понудил ценовник за решавање на ситуацијата во врска со „Империја“ барајќи притоа 2,4 или 6 милиони евра само за ослободување од притвор, бидејќи со тие пари требало да се пензионира неговата сестра судијката Весна Димишкова.

„Сега не можам точно да се сетам дали најпрво се сретнавме јас и Ана Камчева со адвокатот Васко Димишков, но јас ги имам снимено сите средби што сме ги имале јас и Ана со Васко Димишков, колку пари барал, а се работеше за астрономски суми во милиони и тоа само Јордан да биде пуштен од притвор, а кажа дека за судење ќе има друга цена. Јас овие снимени разговори ќе ви ги доставам за да се уверите во вистинитоста на она што го зборувам“, вели сега осудениот Зоран Милевски Кичеец некаде на крајот од втората страница од неговиот исказ.

По ова започнале првите контакти меѓу Милевски и Боки, за да го намоли Боки да му помогне, кој пак го поврзал со Катица Јанева.

Откако му ги дале парите на Боки во Луј Витон чанта на Боки, Орце Камчев отишол кај премиерот и го пријавил случајот. Зоран Милевски не бил свесен за ваквиот потег на неговиот „брат“, па бил изненаден кога Боки една вечер му се јавил по телефон и му го кажал следното.

„Се сеќавам беше 11.00 часот навечер кога ми се јави Бојан, почна да вика по мене дека јас и Јордан Камчев сме го наместиле, разбрал дека Јордан Камчев дошол да го пријави случајот во Влада, викаше дека тој нема ништо со парите, дека тој не земал ниту денар, викаше дека најпрво Јордан го форсирал да помогне, а после го пријавил“, вели Зоран Милевски Кичеец на последната страница од исказот даден пред обвинителството.

„Јас следниот ден веднаш отидов кај Јордан во канцеларија му кажав за разговорот со Бојан при што Јордан ми кажа ‘ти уживај, треба да кажеш се како што било, снимаа се Бугарите и Американците. Се имам документирано како било и ќе видиме сега како ќе заврши „Империја“, истакнува Милевски на последната страница од својот исказ пред обвинителството.

Милевски кој бил познат во чаршијата како човек кој не се плашел да влезе ниту во физичка пресметка, како човек љубител на оружје, бил исплашен при првиот исказ да ја каже вистината пред обвинителството. А зошто?

„И јас кога дојдов првиот пат во Обвинителството, кога бев повикан не ја кажав вистината, затоа што бев исплашен, бидејќи на сите средби претходно од почеток Бојан се фалеше со неговите познанства, особено со високи функционери од Власта, а исто така со судии и обвинители“, нагласува на крајот од својот исказ Зоран Милевски.