Уште еден италијански сенатор го напушти Движењето пет ѕвезди

Luigi Di Marzio

Сенаторот од порано евроскептичното и антиестаблишмент Движење пет ѕвезди (М5Ѕ) ја напушти во четвртокот пратеничката група дополнително ослабувајќи го тенкото мнозинство во горниот дом од парламентит и го истакна длабокото несогласување со политиките на движењето.

Сенаторот Луиџи Ди Марцио е петтиот кој го напушти Движењето пет ѕвезду за само еден месец, Притоа објави дека ќе се придружи на групата независни пратеници.

„Не се заинтересирани за ништо друго освен да те наговорат за гласање“, изјави Ди Марцио со што се придружи на гласовите на поени кои ги обвинија челникот на партијата Луиџи Ди Мајо за централизирање и концентрација на преголема моќ во неговиот потесен круг.

Со неговиот потег четирпартиската коалиција на левиот центар може формално да смета на 159 гласови во Сенатот кој има 321 пратеничко место, веднаш под мнозинскиот праг.

Меѓутоа, актуелната влада може да се потпре на поддршката од малиот број малцински партии и независни пратеници кои не се во коалицијата, но не сакаат ниту одржување предвртемени избори.

„Владиното мнозинство е многу посилно отколку што излгеда“, Мнозинството парламентарни претставници не сакаат предвремени избори. Ова законодавно тело ќе дејствува до крајот на мандатот во 2023 година“, смета пратеникот Стефано Чеканти од Демократската партија (PD).