Уште еден командант од УЧК повикан во Хаг, истрагата се прошири во Албанија

Хашките специјални истражители ја прошируваат истрагата и во Албанија, испрашувајќи поранешни албански војници кои и се приклучиле на ОВК, јави „Топ чанел телевизија“.

Повикувајќи се на извор близок до специјалните обвинители во Хаг, телевизјата наведува дека покана за распит добил Адем Шеху, поранешен командант на 153-та бригада, од оперативната зона Лап.

Истите извори, под услов на анонимност, за Топ ченел изјавил дека специјалните обвинители преку писмо испратено до Министерството за правда на Албанија на 14 декември 2020 година, побрало да му биде доставена покана на Адем Шеху, што пак судски полицаец му ја доставил ден подоцна.

Тој во Хаг треба да биде на 28 јануари, а ќе биде испрашуван за неговата активност како командант на 153-та бригада и борбите во областа Галак кај Приштина.

Контактиран телефонски од Топ чанел, Адем Шеху не дал коментар, потенцирајќи дека почитува една од точките во поканата од Хаг да не комуницира со медиумите.

-Адем Шеху по потекло е од Фарка, Тирана, а дипломирал на високата школа за офицери во 1980 година и работел во албанската армија. Во неговото родно место организирал борбена обука за „борци од Косово, албанските етнички простори и од западните земји“. Групите се состоеле од 25-30 лица, наведува телевизијата.

Додава дека неговиот дом во Фарка, бил претворен во центар за обука – воена академија. Кога започнала војната, тој ги обучувал водачите на ОВК за тоа „како да ги намалат загубите за време на борбите“. Потоа заминал за Косово и за кратко време станал командант на 153-та бригада во областа Лапи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.