Уште една кандидатка на француската левица за претседателските избори

(Photo by Lionel BONAVENTURE / AFP)

Поранешната министерка за правосудство Кристиaн Тобира објави во саботата дека ќе се кандидира на претседателските избори во Франција оваа пролет, со како што се оценува во медиумите амбициозна и речиси неостварлива цела – да ја обедините раздробената левица која исфрли бројни претседателски кандидати.

Тобира изјави дека сака да одгооври на „гневот“ на граѓаните поради „општествените неправди“ и да донесе програми коишто би вклучувале зашита на младите, социјална правда, екологија…, на собидот Кроа-Рос, предградие на Лион коешто го избрала симболично бидејќи на тоа место започнало востанието на ткајачите на свила во XIX век.

„Пандемијата го разоткри општестевеното патење кое погоди поколенија. Сакам влада којашто ќе знае да води дијалог наместо да морализира и патронизира“, изјави Тобира алуридајќи на полемијата којашто ја предизвика претседателот Емануел Макрон со најавата дека „сака да ги изнервира“ Французите кои не се вакцинирани против Covid-19.

Тобира се надева дека ќе ја добие номинацијата за кандидатка на левицата на конвецијата кој ќе трае од 27-ми до 30-ти јануари, но проблем е што другите кандидати од левицата одбиваат да учествуваат.

Три месеца пред претседателските избори француската левица сега има шест кандидати. Освен Тобира, кандидатури истакнаа и радикалниот челник на Непокорна Франција, Жан-Лук Меланшон, екологистот Јаник Жадо, комунистот Фабиен Русел, поранешниот министер Арно Монтебург сепак размислува да се повлече, и градоначланичката на Париз, Ан Идалго од Социјалистичката партија.

Анкетите на ниеден од овие кандидати не му даваат повеќе од 10 отсто доверба, што е недовлно за влегување во вториот изборен круг.

Актуелниот претседател Емануел Макрон сѐ уште не ја истакна својата кандидатура но анкетите му предвидуват дека би ја победил уште во првиот круг кандидатката на суверенистичката десна партија Национален собир, Марин Лепен, која во анкетите ја стасува Валери Пекрес од конзервативната партија Републиканци.

Кристин Тобира уште во декември навести дека размислува за кандидатура поради пат-позицијата во којашто се најде левицата, поделена како никогаш досега и најави дека ќе ги вложи сите свои сили за да се постигне единство.

Шеесет идветгодишната Тобира е поранешна пратеничка од Гвајана, француската прекуморска територија каде се истакна со заложбите за законот со кој треговијата со робови би се признала како злосторството против човечноста и работеше и на закон со кој се дозволува истополовиот брак и посвојување деца за истополовите двојки кој на крајот беше прифатен во 2013 годијна.