Уште една масовна тепачка во Струмица, овојпат пред судот

Повеќе лица учествувале во физичка пресметка на тротоарот пред влезот во Основниот суд во Струмица, претпладнето во понеделникот околу 10 часот, откако претходно масовна тепачка и конфронтација со полицијата се случи пред стумичката болница откако роднини и пријатели на починат недозволено го земале телото на починат.

Настанот го потврдија од струмичката полиција. Оттаму информираат дека веднаш интервенирале полициски службеници и било спречено натамошно нарушување на јавниот ред и мир.

Додаваат дека полицијата работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Пресметката ја потврдија и од Основниот суд во Струмица.

Според портпаролката на судот, Мариета Дуќиќ, инволвираните во тепачката претходно биле на судење, а инцидентот се случил надвор од судската зграда, на тротарот пред влезот., пренесе ТВ21.