И Виенскиот институт за економски студии „ги скрши розевите очила“ на премиерот Зоран Заев со податокот дека чеврти квартал во времето на неговото владеее државата не бележи раст, дефицитот е зголемен, а капитални инвестиции нема, потсетуваат во саботата од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно Виенскиот институт за меѓународни економски студии во својот извештај утврдува дека Македонија е една од трите земји во регионите на централна и источна Европа кај која нема подобрување на економските проекции, односно земјата тоне, се вели во соопштението на
Од опозициската партија велат дека во анализата се посочува дека економијата не може да започне да се опоравува од пандемијата. Според нив, брутод домашниот произвпд (БДП) во првиот квартал од 2021 година падна за 1,9 отсто, што е четврти последователен квартал со пад.
„Македонија е во рецесија, а со политики на Заев, излезот е се потежок. А заздравувањето на економијата не е ниту на повидок. Извештајот на Виенскиот институт нотира дека власта троши повеќе отколку што има. Според истиотw буџетскиот дефицит во првиот квартал завршил на 4% од БДП. А се нотира и слабата реализација на капиталните расходи, која паднала за 34%w под планот. Извештајот на Виенскиот институт е уште еден црвен картон за владата која не работи ништо, и се занимава само со криминал. Време е за сериозни политики и одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.