Уште една руска вакцина против коронавирусот ќе се произведува од ноември

Научниот центар „Вектор“ планира да започен со производство на вакцината против новиот сој коронавирус во ноември изјави во неделата генералниот директот на центарот Ринат Максутов.

„Очекуваме да започнеме со производството во ноември годинава. Оттаму, поскоро кон крајот на годинава,почетокот на следната, може да се зборува за преминување на вакцинирањето, во крајна мера, на лицата од ризичните групи, а потоа ќе се мине на масовна вакцинација“, изјави Максјутов во интервјуто за телевизијата Россия-1.

Претходно вицепремиерката Татјана Голикова на состанокот за санитарно-епидемиолошката состојба во Русија, на која учествуваше и претседателот Владимир Путин, најави дека регистрацијата на вакцината против коронавирусот која на развива институтот „Вектор“ е закажана за септември, а производството на првата серија е планирано за октомври.

Претходно во саботата рускиот министер за здравство Михаил Мурашко, објави дека здравствените власти ја завршиле фазата од клиничкото испитување на вакцината против Covid-19 која ја развиваат Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Н.Ф. Гамалеј“ и Министерството за одбрана. Притоа најави дека вакцинирањето ќе започне во октоври, на најризичните групи.

„Очекуваме најмалку уште две апликаци (за вакцини) во наредните месец и половина до два, за одобрување за изведување клинички испитувања“, додаде Марушко.

На забелешките на западните стучњаци за многу брзото развивање на кандидатите за вакцина против SARS-CoV-2 во Русија што според нив , руските научници велат дека вакцината е развиена брзо, бидејќи е изменета верзија на онаа што веќе постои за борба против други болести.Таквиот пристап постои во многу други земји и други компании.

Во моментов во светот според објавите во последните фази од испитувањата се околу 25 кандидати за вакцина против коронавирусот, но се чини дека лабораториите на „Moderna“ влегуваат во крајната фаза од клиничките тестирања, која ќе биде пресудна за да се дознае дали вакцината е ефикасна или не.