Уште една жртва од експлозијата во Романовце

Еден од повредените по денешната експлозија на плинска боца во Романовце, шеесетгодишен маж кој беше сместен на КАРИЛ им подлегна на повредите соопштија вечерва за Канал 5 од Ургентниот центар во Скопје.

Тој е четвртата жртва од експлозијата на плинска боца во семејната куќа во која што претпладнево загинаа и три деца, на возраст од осум, девет и единаесет години.

Уште шестмина членови на семејството се повредени и се згрижени на скопските клиники, од кои тројца се во исклучително тешка состојба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.