Уште едно контаминирано шишенце од вакцината на „Moderna“ најдено во Јапонија

Властите на јапонската префектура Канагава известија дека пронашле уште едно шишенце со вакцината против Covid-19 на америкаснкиот производител „Moderna“, а за која се сомневаат дека содржи надворешна супстанца, додека примената на остатокот од резервите е суспендирана.

Од префектурата соопштија дека фармацевт пронашол неколку црни честички во едно од шишенцата, откако проверувал надворешни материи пред користењето на вакцината.

Јапонија минатата седмица го запре користењето на 1,63 милиони дози од вакцината на „Moderna“, откако беше известена за контаминација на некои од пратките. Од „Moderna“ и од шпанската фармацевтска компанија „Rovi“, којашто ја полни оваа вакцина заснована на новата платформа на ткн „имформациона“ РНК (mRNA), соопштија дека причината би можела да биде проблем во производството, а европските реагулатори за безбедност на производите отворија истрага.

Префектурата Канагава соопшти дека домашниот дистрибутер на вакцините „Takeda Pharmaceutical“ го повлекол шишенцето со сомнителните честички, како и дека околу 3.790 луѓе веќе ги примиле вакцините од истата таа серија.

Оваа седмица привремено е запрено користењето на повеќе вакцини на „Moderna“ во уште два региона на Јапонија, како што се наведува, поради одвоени проблеми кога делови од гумената затка на шишенцата се кршела кога иглите биле неправилно вметнати.