Уште едно лице е приведено за убиството на Вања, двајца од осомничените се пуштени од притвор оти не биле поврзани со случајот

Тројца од осомничените за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска добиле притвор, потврди обвинителството.

Од таму посочуваат дека по распитот, две лица од осомничените се пуштени од притвот по истекот на 24 часа бидејќи не биле поврзани со случајот, а во меѓувреме било приведено уште едно лице осомничено во случајот.

Од ОЈО посочуваат дека се уште се работи на случајот и повторуваат дека едно од осомничените лица ја има напуштено територијата на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.