12.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Уште гори кај Делчево и Пехчево (ФОТО)

Гори кај Делчево и Пехчево. Граѓаните стравуваа цела ноќ од проширување на пожарот, а утрово беше истакнато дека пожарите се локализирани и изгасени. Но, на терен тоа не е вистина.

Читател на Курир.мк испрати фотографии до нашата редакција и посочи дека на овие локации се уште гори. Црн и густ чад се крева над овие населени места, воздухот е тежок за дишење.

Центарот за управување со кризи информира за состојбата со пожарите во Македонија до 12 часот денеска.

Пожарот од 02.08.2021 година кај м.в.Бајаз Тепе – општина Пехчево е сеуште активен. На терен моментално интервенираат екипа на ШС „Равна Река“ со 18 вработени со 2 теренски возила со цистерни и 2 возила за превоз, екипа на ШС „Малешево“ со 8 вработени и 2 теренски возила со цистерни, ТППЕ Берово со 4 пожарникари со 1 теренско возило и ДЗС со 3 вработени со 1 теренско возило. На пожарот интервенираат и луѓе од месното население. Зафатена е високостеблеста борова и дабова шума со што доаѓа до негово ширење, нискостеблеста вегетација, стрништа и пасишта. Екипите работат на негово локализирање. Во секој момент се очекува и поддршка од хеликоптерите.

Пожарот кој започна на ден 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник маало – Пасјак е сеуште активен и е во дијаметар од 9 км. До овој момент е опожарена површина од околу 350 Ха со борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04:00 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 90 припадника на АРСМ, 25 Ввработени во ШС „Голак“ Делчево со 4 теренски возила, ТППЕ Делчево со 13 пожарникари, 2 цистерна и едно теренско возило, 3 припадник на Гранична полиција со 3 теренски возила и ЈПКД „Брегалница“ со 7 вработени со 1 теренско возило и 1 вработен од РЦУК Делчево. Во ганењето на пожарот е ангажиран и 1 хеликоптер на АРСМ. Пожарот е се уште активен и се шири во правец на маало Балабанци.