Уште седум дена до „Штипската пастрмалијада 2014“ – Финални подготовки во тек

Општина Штип и Здружението на граѓани „Пастрмалијада“ влегуваат во завршна фаза на подготовките за годинашнава манифестација „Пастрмалијада 2014“. На годинашнава манифестација ќе учествуваат над 40 угосттели од Штип, кои ќе приготвуваат пастрмајлии за заинтересираните кои ќе бидат дел од манифестацијата. на локацијата кај крстосницата „Дујле“ и годинава ќе бидат поставени штандовите за угостителите а покрај храната, дел од манифестацијата е и „Скопска пивара“ која е генерален покровител и винариите Тиквеш“ и „Имако“. Годинава е подготвена богата културно-уметничката програма, која ганарнтира не само уживање во храна туку и добра забава:

„Сите недостатоци од минатата година се надминати, и оваа година сме далеку поспремни за една ваква манифестација. Ова е уникатен настан за Македонија, бидејќи само Штип организира „Пастрмалијада“ и сите тие кои беа лани тука, знаат дека беше одлично, така што ги очекуваме и оваа година но и многу повеќе, бидејќи веруваме дека добриот глас се слушнал и меќу оние кои немаа можнсот да дојдат. Оваа година сме подготвени на соборување на рекорди, кога е во прашање бројот на пастрмајлии но и на посетители, бидејќи имаме три познати имиња од музиката кои ќе пејат за оние кои ќе дојдат во Штип,“ изјави Ангел Џонов, организатор.

Инаку, како што беше најавено, првиот ден, 25 септември или четврток е резервиран за Македонски изведувачи, иако тие ќе настапуваат и во текот на следните два дена. Главна ѕвезда е пејачката Елена Ристеска која ќе настапи во 23 часот, а исто така ќе настапи Маја Вукичевиќ и Боби Мојсовски. Точно на пладне ќе биде претставена џиновската поастрмалија а вечерта во 19 часот е свеченото отворање. Во петок, 26 септеври, на пладне е предвидена традиционалната трка на келнери а ќе настапат Ванчо Тарабунов, Ферус и Биг бенд со специјален гостин кој е изненадување, Соња Тарчуловска и ѕвездата на вечерта, пејачот Аца Лукас. Во сабота на 27 септември, во 12:00 часот е предвиден натпреварот во брзо јадење на пастрмалии а во 13 часот изборот на најубаво украсен штанд. Музичката програма последната вечер ќе ја започнат Аре Брадерс Бенд, потоа следи Александар Тарабунов и потоа финале за српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ, кој е ново изненадување на организаторот. Заради одредени обврски, Дивље Јагоде и Наташа Беквалац нема да учествуваат на годинашнава „Пастрмалијада 2014“. Инаку секоја вечер, по 1 часот по полноќ е предвидено забавата да продолжи со техно-денс музика за што се ангажирани неколку диск-џокеи од кои и две имиња од Холандија.