Условно ослободена европратеничката Ева Каили ?

Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили, која е во домашен притвор од април, е условно ослободена, објави Еуроњус, кој подготвува целосна приказна штом ќе бидат достапни повеќе информации.

Инаку, Каили, грчката европратеничка која е во центарот на корупцискиот скандал што го зафати Европскиот парламент, и беше наредено да остане во затвор уште најмалку два месеци, и покрај молбите на нејзиниот адвокат за ослободување под електронски надзор.

Затекнатата пратеничка е во истражен затвор од 9 декември, кога беше уапсена од белгиската полиција, откако наводно била фатена на дело.

Пратеничкиот имунитет и беше укинат на лице место, а подоцна беше обвинета за учество во криминална организација, корупција и перење пари.

Во нејзината резиденција во Брисел биле пронајдени над 150.000 евра во готовина.

Одлуката за продолжување на притворот на Каили ја донесе белгиски судија по сослушувањето во Брисел, предизвика политичка бура во Брисел и поттикна брз процес за нејзино отстранување како еден од 14-те потпретседатели на Европскиот парламент.