Успехот на Виетнам: Од 95 милиони ниеден починат од коронавирусот

Како земја којашто нема забележано ниеден смртен случај, а бројот на заразените со новиот тип коронавирус се движи во рамките на неколку стотици, Виетнам е пофален од Светската здравствена организација (СЗО – WHO) и може да служи како пример на држава којашто успеала да ја заузди пандемијата.

Иако има граница со Кина каде што се смета дека е жариштето на првата пандемија во XXI век, Виетнам со рани и решителни мерки, како што е раширеното тестирање и строгиот карантин, како и со општественото единство засега ја избегнува ситуацијата во каква коронавирусот ги доведе Европа и САД.

Бројот на заразените во Виетнам, според бројачот на Институтот при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во американската сојузна држава Мериленд кој ги собира официјалните податоци од националните и локалните здравствени власти, изнесува само 262 лица, во земјата којашто брои повеќе од 95 милиони жители. Официјалната статистика, исто така, укажува дека виетнамските власти во карантин или изолација контролираат во моментов 75.000 жители. Во оваа држава се спроведени досега 121.000 тестови на коронавирусот.

Во оваа комунистичка земја на југоистокот на Азија засега нема починати од Covid-19, а стапката на заразата значително е пониска отколку во регионалните економски развиен сили како Јужна Кореја, Сингапур или Тајван, држави коишто исто така беа фалени поради нивниот одговор на здравствената криза.

Кидонг Парк, претставник на СЗО за Виетнам, верува дека за успехот на оваа земја клучно било раното дејствување.

„Виетнам на пандемијата одговори рано и проактивно. Неговата прва вежба на процена на ризокот е одвиваше на почетокот на јануариа, кусо откако беа пријавени првите случаи во Кина“, истакнува Парк.

Виетнам брзо формирал Национален комитет за управување со превенцијата и контрола на коронавирусот, под којшто брзо бил имплементиран националниот план за одговор на кризата, додава Парк.

Иако има мал број потврден ислучаи, и виетнамските власти на 1-ви април ја ставија целата држава во карантин, многу побрзо и порешително отколку Велика Британија и Италија, коишто тоа го сторија откако заразените кај нив започнаа да се бројат во илјадници.

Владите во светот го воведуваат карантинот за подобро да се справуваат со постојните епидемии на нивите територии. Виетнам, пак, тоа го стори за да спречи национална криза којашто може да се избегне.

Голем дел од виетнамскиот успех во справувањето со пандемијата може да се припише на општественото единство во земјата. Генералниот секретар на Комунистичката партија, Нгујен Ксуан Пук, неодмана борбата против заразата ја прогласи за „општа пролетна офанзива 2020-та“, што е намерна алузија на клучната „Тет офанзива“ од 1968 година против окупациските сили на САД, којашто тогашен ВиетКонг ја започна во времето на долгата Виетнамска војна и којашто резултираше со принудно повлекување на американските војски.