Успешно лансиран товарен вселенски брод на „Спејс Икс“

Товарниот брод „Карго Драгон“ на компанијата „СпејсИкс“ на Илон Маск, синоќа беше лансиран во орбита од стартна платформа на космодромот на НАСА на р’тот Канаверал на Флорида, соопшти Националната аеронаутичка и вселенска агенција на САД (НАСА).

„Карго Драгон“ треба да слета на Меѓународната вселенска станица (МВС) на 27 јули. Стартот на товарното летало до МВС е 18-то по ред во рамките на комерцијалниот договор помеѓу НАСА и „СпејсИкс“.

Бродот треба да изврши достава на МВС на околу 2,3 тони храна, опрема и материјали за научни експерименти. Дел од доставената техника е и космички биомедицински 3Д принтер разработен од американските компании „Течшот“ и „енСкрипт“. Принтерот ќе биде употребен за експерименти со 3Д печатење на срцеви влакна и органи.

Последен пат „Карго Драгон“ достави храна и друга опрема за експерименти на МВС на почетокот на мај. Тогаш на МВС беше донесен прибор за мерење на јаглеродниот диоксид во атмосферата на Земјата и испробана нова технологија на снопови на променливо рентгентско зрачење во Вселената.

„СпејсИкс“ е формирана во 2002 година од американскиот инженер и милијардер Илон Маск. Компанијата ги има разработено ракетите-носачи „Фалкон 1“, „Фалкон 9“ и „Фалкон Хеви“, како и вселенскиот товарен брод „Карго Драгон“. Ракетите-носачи се дизајнирани за повеќекратна употреба додека товарниот брод е специјално дизајниран за потребите на МКС. Компанијата исто така разработува и капсула за транспорт на астронаути во Вселената како и патничка верзија на вселенски брод.

Маск исто така е коосоновач на Пејпал“ и производител на електрични автомобили „Тесла“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.