Уставен суд да го укине монополот на Грција врз Македонија

Професорката Тања Каракамишева ги повика судиите во Уставниот суд да го поништат Законот за ратификација на Договорот со Грција, бидејќи и нивните колеги пред 16 години укинале ратификација на договор, тогаш спорниот договор за нафтоводот на ОКТА. Според Каракамишева, Законот за ратификација на Договорот со Грција создава систем на ексклузивни привилегии на Грција, спротивно на Уставот на Македонија и спротивно на меѓународното право. Претходно и професор Димитар Апасиев нагласи дека Уставниот суд веќе еднаш укинал рафификуван договор.

Ова е ваша пракса, почитувајте ја вашата работа и заштитете ги интересите на Македонија во овие историски моменти! Сите очи на загрижените граѓани се вперени кон вас! Покажете интегритет и почит кон Уставот, на нели  те чувар на Уставот на Република Македонија?, пишува Каракамишева.

На 11.122002 година Уставниот суд на Македонија го укина Законот за ратификација на билатералниот договор меѓу Македонија и Грција за изградба и управување на нафтоводот.
Составен дел на билатералниот договор е и претходно склучениот инвестициски договор, кој содржи привилегии за стратегискиот инвеститор, со што, според Уставниот суд, се нарушува еднаквата правна положба на сите субјекти на пазарот, која е загарантирана со македонскиот Устав.