Уставен суд на Австрија: Познавањето јазик веќе не е услов за социјална помош

Странците во Австрија веќе нема да добиваа помала социјална помош ако не учат германски јазик, се вели во одлуката на Уставниот суд со која се укинува законот на претходната десничарска влада.

Законот беше една од низата мерки дизајнирани од коалицијата на конзервативците и крајната десница да се направи Австрија помалку привлечна за потенцијалните имигранти.

Судот сега донесе пресуда дека поврзувањето на плаќањата за социјална помош со владеење на јазик го крши Уставот затоа што ги дискриминира оние што имаат тешкотии во учењето или оние што успеваат да најдат работа што не бара германски јазик.

Судот исто така укина мерка со која постепено се намалуваат плаќањата за секое дополнително дете.