Уставeн суд во Хрватска пресече – геј двојките ќе можат да посвојуваат деца

Хрватскиот Уставен суд денеска објави одлука со која во иднина геј двојките ќе можат да посвојуваат деца.

Заклучокот на Уставниот суд е донесен по разгледување на предлозите за оценка на уставноста  на три членови од Законот за посвојување, за кои голем број партии, здруженија и поединци тврдеа дека со нив се дискриминираат партнерите од ист пол.

Укинување на трите спорни членови од Законот за посвојување побараа и животните партнери Иво Шегота и Младен Кожиќ, чие повторно барање за посвојување на дете беше одбиено минатиот месец од загрепскиот Центар за социјална работа, со што беше занемарен ставот на Управниот суд изнесен во обврзувачката пресуда од декември минатата година.