Уставниот суд да пресече за законот за пазари, во спротивно генерален штрајк

За утре е најавен генерален штрајк на тезгаџиите, а извесно е дека Уставниот суд ќе ја има последната одлука за спорниот закон кој им се наметнува на пазарите.

Со иницијатива до Уставен пазарџиите ќе се обидат да го укинат целосно законот, кој државата пак го пролонгираше за една година, а согласно кој тезгаџија ќе плаќа по 60 евра лиценца за тезга и плус 40 за секоја наредна.

Дека мора да има сериозни измени велат и од групацијата на пазари а Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека закон мора да има.

Во меѓувреме, претставници од скопски пазари, се консултираат со пазарџиите од другите градови за натамошното делување.

Од друга страна, министерот Бектеши уверува дека Законот ќе биде променет, а за тоа има време од една година.

Од најголемата стопанска комора, пак, велат дека формирањето на комора на пазарџии не треба да се регулира со Закон.

Законот за пазари беше предмет и на препукувања меѓу партиите. Опозицијата бараше целосно укинување и носење нов закон, а власта одложување на постојниот.