Уставниот суд испушти можност да учествува во демократизацијата

61

Уставниот суд пропушти една огромна шанса да учествува во демократизацијата на политичкиот систем на Македонија, рече меѓу другото во петокот универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова во текот на гостивањето на телевизијата Канал 5.

На Уставниот суд му е потребен закон за Уставен суд, нема земја на планетава што има Уставен суд, а нема Закон за уставен суд во коишто ќе се регулираат прашањата, рече Силјановска Давкова.

Рече дека треба да се посвети внимание и на критериумите за избор на уставни судии коишто се таму главно по политичка заслуга. Усставниот суд треба да е многу активен како што требаше да постапува по Преспанскиот договор, додавели Силјановска Давкова.

Ако соопшти Државната изборна комисија дека референдумот е неуспешен, тој може да биде каков сака, нека го викаат  консултативен, претходен, дополнителен, мораа да бидат исполнети два услови, мнозинство од излезените да гласале за, под услов да излегле повеќе од 50-тина проценти,  по Законот за референдум во рок од 60 дена собранието и сите останати органи мора да ги усогласат своите акти и активности со референдумската одлука, тие тоа не го сторија, вели таа.

Професорката вели дека македонскиотсуд Уставен суд најмалку постапувал во регионот особено во заштитата на човековите права и најчесто се прогласува за ненадлежен за да и удоволи на власта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.