Уставниот суд ќе ги оценува правилата за снабдување со топлинска енергија

Уставниот суд на Република Македонија на седницата закажана за 20.12.2017 година (среда), ќе ја разгледува иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на:

 

Член 66 од Правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Станува збор за членот со кој се воведува обврската граѓаните кои се исклучени од парно греење да плаќаат надомест за ангажирана моќност иако не користат парно, пишува Емагазин.

Член 66

(1) Со денот на влегувањето во сила на овие Правила сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година.

(2) Сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.

(3) Снабдувачот е должен да им достави договор за снабдување со топлинска енергија на сите исклучени потрошувачи во колективни објекти за домување најдоцна до 01.09.2012 година.

(4) Трошокот за приклучување на потрошувачите од став 1 на овој член е на сметка на дистрибутерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.