Уставниот суд ќе решава за легитимноста на помилувањата на Иванов

Ќе се оценува уставноста на одлуката за помилување на 56 лица, поранешни и актуелни функционери и нивни соработници.

Иницијативата за оценување на уставноста беше поднесена по нивното објавување.

На 27 мај претседателот Иванов ги повлече аболициите за политичарите, а на 6 јуни беа повлечени сите аболиции.

Во периодот додека беа во сила помилувањата, беа прекинати сите предистражни и истражни постапки што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а кои се однесуваа на лица опфатени со помилувањето.