Уставниот суд на Словенија ја отфрли задолжителната вакцинација

Уставниот суд на Словенија ја прогласи за неуставна регулативата за задолжителна вакцинација на вработените во јавниот сектор доколку не можат да докажат дека закрепнале од Covid-19.

Владата планираше да воведе задолжителна вакцинација на 1 октомври, но Уставниот суд го блокираше спроведувањето на одлуката до правосилната пресуда.

„Таквата состојба е споредлива со задолжителната вакцинација, која најпрво бара промена на законот за заразни болести“, соопштија од судот пренесува службента новинска агенција STA.

Тамошните владини претставници се уште не се достапни за коментар.

Околу 55 отсто од населението во Словенија досега е целосно вакцинирано, што е под просекот на Европската унија, во услови кога тамошната влада се обидува да го зголеми процентот на имунизирани.