Уставниот суд нема да се изјаснува за уставните измени

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување уставноста на одлуката на Собранието за уставни измени донесена на 19 октомври.

Како образложение на одлуката Судот оцени дека оваа одлука не е пропис и затоа одлучил да не навлегува во оценување на уставноста на оваа одлука.

Судиите Јован Јосифовски и Елена Гошева сметаат дека отворањето на Уставот е важно прашање кое заслужува внимание и дека судот треба да ги земе во предвид двете иницијативи.

Според Гошева, судот расправал и за далеку понебитни прашања, како тоа дали некои работници се отпуштени од работа по промена на власт и дека ова заслужувало внимание.

Јосифовски изрази став дека е спорен и делот каде за отворање на уставни измени се гласаше со 80 пратеници, повикувајќи се на одлуки на претседателите на Собранието, Стојан Андов и Тито Петровски, кога за двотретинско мнозинство барале 81 пратеник.