Уставниот суд, според праксата, треба да пресуди во корист на Ѓорѓе Иванов за Законот за јазиците

Претседателот Ѓорѓе Иванов може да се надева на негативна одлука на Уставниот суд, според досегашна пракса на одлучување, и тоа да оди во негова корист во спорот со претседателот на Собранието, Талат Џафери, околу стапувањето на сила на Законот за употреба на јазиците со кој албанскиот станува втор официјален во Македонија.

Засега, Уставниот суд има решавано само еднаш за ваква ситуација на спор помеѓу претседател на држава и претседател на Собрание, и тоа во 1998. Законот за употреба на знамињата на другите народни заедници во Македонија пред општините беше потпишан од собранискиот спикер Тито Петковски, но не и од Киро Глигоров како претседател на Македонија.

Уставниот суд во ноември истата година го укина тогашниот закон за употреба на знамињата, одлука која сега му оди во корист на Иванов.

Одлуката беше донесена токму поради тоа што, според Уставниот суд, Петковски ја превзел улогата и на Глигоров.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.