
Нов 30 дневен притвор е одреден за поранешниот началник на Петтата управа, Сашо Мијалков, за случајот на СЈО под кодно име „Империја“. Од затворот Мијалков вчера околу 14 часот е спроведен во Кривичниот суд каде бил на распит кај судија на претходна постапка. Ова е втора мерка притвор Мијалков.
Во случајот „Империја“, Мијалков е еден од 13 осомничени.
По бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски во Унгарија каде тој доби политички азил, повеќе обвинети во случаите на СЈО завршија во притвор.