Уште две години затвор за „наци бабата“

Осумдесет и осумгодишната Урсула Хавербек, позната како „наци баба“ поради негирање на холокаустот, е казнета во понеделникот на дополнителни две години затвор поради предизвикување омраза, поврзано со тврдењата дека концентрациониот логор Аушвиц никогаш не бил користен за масовно уништување на луѓе.

Пресудата е донесена откако Урсула Хавербек вложила жалба на одлуката на понискиот суд од ноември мината а2016 година за затворска казна од две ипол години, исто така, поради негирање на холокаустот.

„Наци бабата“ своите тврдења ги објавила во десничарското списание Stimme des Reiches (Глас на Рајхот). Таа тврди дека Аушвиц никога не служел како логор за масовно уништување, туку само како работен логор.

Во Германија за јавно заговарање, негирање или минимизирање на масовните злосторства против Евреите и другите етнички групи прогласени за непожелни во текот на Третиот Рајх е предвидена казна од пет години затвор.