Уште еден ден до крајот на УЛТРА РАСПРОДАЖБА во Капитол мол!

Доследен на своите цели, „Капитол мол“ веќе 6 дена е исполнет со попусти до -70%, забава и изненадувања. Сепак, за тие кои сѐ уште копнеат по тоа искуство, ќе имаат уште еден ден да го почуствуваат тоа, затоа што УЛТРА РАСПРОДАЖБА и Back to school завршуваат утре, на 6. септември.

Молот ги дуплираше своите активности сѐ со цел да им понуди на сите незаборавно искуство. Голем број на семејства се забавуваа и уживаа за време на „Забавното шоу за првачиња“. Таму настапија 8 училишта од општина Аеродром, музичкото училиште Пијанофорте и прекрасните Поточиња. Благодарение на општина Аеродром и сите инволвирани, позитивната енергија од првиот школски ден го преплави трговскиот центар креирајќи атмосфера која посетителите засекогаш ќе ја паметат.

Капитол мол е место каде секој може да го најде тоа што го бара. Првачињата го наоѓаат своето прво и омилено ранче, тинејџерите може да го купат уникатното парче облека кое ќе им ја одбележи школската година, родителите со сигурност ќе го најдат своето катче за одмор и уживање.

УЛТРА РАСПРОДАЖБА и Back to school во Капитол мол се надополнети со бројни изненадувања и наградни предизвици. Настаните и активностите од оваа природа ќе продолжат затоа што нивниот ефект беше почуствуван од илјадници посетители.