Уште еден скршен штаб на политичка партија, сторителите и овојпат непознати

На 03.10.2017 година околу 15.25 часот, Н.Р. пријавил дека на ул. “Тале Христов“ Скопје-Север, од страна на непознат сторител извршено е оштетување (искршени се две прозорски стакла и стаклена врата) на штабот на политичката партија ДУИ.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите, информираат од МВР.