Уште една масовна тепачка во Шведска

Стотина лица учествувале во масовна тепачка во неделата рано утрото во еден локал во центарот на шведскиот град Гетеборг, соопшти локалната полција.

Полицијата добила пријава за безредие околу 3,30 часот по локално време. Во тепачката со полесни повреди се здобиле членови од обезбедувањето на локалот. Петнасет лица, кои според првичните сознанија на полицијата, ја иницирале масовната тепачка, и тие се притворени. Нема уапсени, но поднесени се пријави за закани и насилство врз државни службеници.

Според шведското издание Expressen, на местото на настанот пристигнале 12 полициски возила. Причините за инцидентот сѐ уште не се соопштуваат. Весникот додава дека еден час по оваа тепачка во таверната, била пријавена нова со учество на повеќе лица во блиска сендвичара, но не е познато дали двата инцидента се поврзани.

Ова е втора масовна тепачка во Шведска за помалку од 24 часа. Во саботата беше објавено за насилства во предградие на Нучепинг, во кои учествувале 90 лица во судар на две ривалски групи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.