Уште една неексплодирана бомба најдена во центарот на Берлин

Американска неексплодирана авионска бомба од 100 килограми фрлена врз германската престолнина кон крајот на Втората светска војна е откриена во текот на градежни работи во близина на посетениот плоштад Александарплац во центарот на Берлина, објави тамошната полиција.

„Бомбата до времето на Втората светска војна во област Мите треба да биде неутрализирана уште денеска на самото место. Во моментов нашите колеги ги спроведуваат неопходните подготовки“, соопшти на Twitter берлинската полциија.

Полицијата, исто така, ги предупредува граѓантие дека областа околу местото на кое е најдена бомбата ќе биде забрането за пристап до ноќта. Сѐ уште не е познато колкав ќе биде безбедносниот коридор и дали ќе се однесува на блискито трговски центар „Alexa“ на Александарплац.

Сојузничките авиони во текот на воздушната битка за Берлин во брзањето да го оневозможат влегувањето на советските трупи исфлриле над 45.000 тони бомби. Стручњаците проценуваат дека околу 20 отсто од бомбите не експлодирале.

Германските власти се под притисок дека мора да ги отстранат неексплодираните бомби од населените области, бидејќи стручњаците предупредуваат и тврдат дека бомбите со текот на времето стануваат сé поопасни поради „заморот на материјалот“ и корозијата на нивните капсули.

Пронаоѓањето на неексплодираните авионски бомби од Втората светска војна е речиси вообичаено во Германија, врз којашто сојузничките западни и тогашните советски сили фрлиле милиони тони бомби кон крајот на војната. Секоја година во Германија се неутрализираат по околу 5.500 неексплодирани бомби и други експлозивни средства.

Неексплодираните бомби заостанати од сојузничките бомбардирања на тогашна нацистичка Германија кон крајот на Втората светска војна, често се наоѓаат во германските градови при градежни работи или одржување на инфраструктурата. Поради тоа, многу локални власти имаат специјални екипи задолжени за нивно откривање и безбедно детонирање.

Вкупно врз Германија за време на Втората светска војна биле фрлени повеќе од два милиона бомби, од кои меѓу 5 и 20 отсто, односно најмалку 100.000 не експлодирале. На неколку месеци, некогаш и почесто, при изведување градежни работи се откриваат вакви експлозивни направа. Вообичаено, властите објавуваат дека ниедна од нив не претставува реална закана за безбедноста на луѓето, и по неколку часа се неутрализирани.

Несреќен случај е забележан само во јуни 2010 година, кога експлодираше бомба од 500 килограми кај Гетинген, кога загинаа три а беа повредени две лица.

Најмногу бомби во Втората светска војна се фрлени врз германската престолнина Берлин – повеќе од 68.000 тони, Хамбург – 45.000 тони , како на територијата на Рурската област – 162.000 тони. Хановер, исто така, бил цел на чести бомбардирања на сојузничките воздухопловни сили во последните години од војната. Само на 9-ти октомври 1943 година врз овој град биле фрлени 261.000 бомби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.