Уште една сканадлозна изава на Заев во Софија, ќе ги менува македонските учебници

Новиот македонски премиер Зоран Заев од Бугарија продолжува да удира по македонската држава. Заев денеска на прес-конференција излезе со скандалозна изјава дека во македонските учебници ќе биде променето сè она што не е во новиот дух на соработка меѓу двете држави.

Според Заев, политичките односи меѓу двете држави биле „оладени исклучиво од политички причини“. „Чиј е цар Самоил н етреба да дебатират политичарите, туку историчарите“, рекол Заев. На прашањето, од бугарските новинари, како што е пренесено, македонскиот премиер рекол дека „голем дел од историјата е заеднички и дека во македонските учебиници сè она што не е во новиот дух на соработка меѓу двете држави“.

На ваквите срамни и скандалозни изјави на Заев реагираат дури и самите социјалдемократи.

„На прашање на бугарските новинари Заев одговори дека голем дел од историјата е заедничка и дека во македонските учебници ќе биде променето сè она што не е во новиот дух на соработка помеѓу двете држави.“ Како ?“, напиша сопартијката на Заев, Софија Куновска на својот фејсбук профил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.