Уште една жртва од тешката сообраќајка кај Битола

Осумнаесетгодишно момче од крушевското село Алдинци е седмата жртва од тешката сообраќајна несреќа која се случи кај Битола пред девет дена.

Пред три дена во битолската болница почина и неговиот 21-годишен пријател и соселанец. Во сообраќајната несреќа на лице место загинаа уште две момчиња од селото Алданци на возраст од 17 и 21 година, една прилепчанка и двајца битолчани.